Ако некогаш сте се прашале дали на пилотите им е тешко да го најдат аеродромот, еве одговор.
Еден пилот во интересна конверзација на интернет признал дека понекогаш е тешко да се најде аеродромот од толку светла во градот. Сепак, тоа на патниците никогаш не би им го признал.
Уште неколку пилоти признале дека патниците не ни претпоставуваат колку некои турбуленции може да бидат опасни. Пилотот Рон Вагнер објаснил на кој начин воздушните турбуленции може да влијаат на леталото, поради што патниците секогаш треба да врзуваат појас.
“Ако не сакате да се залепите за плафон, појасот нека ви биде врзан ама баш цело време. Тоа дури и не е толку реален проблем, но е кога ќе треснете назад на седиштето и ќе скршите рака, ребра…”.
Неговиот колега Ден Ларсен додал дека тоа сосема точно, а опасноста доаѓа кога најмалку се надевате, бидејќи турбуленции се случуваат кога најмалку се надевате, бидејќи се случуваат во било кој момент без никакво предупредување.
Верисј Лин, пилот на компанијата “Air China”, признава дека на патниците не би им соопштил ако преку радио добие информација дека во авионот постои закана од бомба или терористички напад.
“Никој од нас не сака патниците да се исплашат, а потоа група “паметни” да посакаат да ја најдат бомбата и да се обидат да ја деактивираат самостојно. Секогаш ќе има и некој најголем паничар, кој ќе се обиде да ја отвори вратата”, признава тој.
Пилотот Стив Вајсочки открил дека никогаш не би им признал на патниците дека некогаш му е тешко да го пронајде аеродромот.
“На сите ни е многу тешко на толку светла да забележиме каде точно е аеродромот. Едноставно има премногу светла таму доле”.
Од друга страна, Енди Кер никогаш не би им признал на патниците во какво летало летаат.
“Како да им кажам дека авионот е направен во 1968. година. Патниците веднаш би почнале да го споредуваат со автомобили направени во тој период”.
Пол Шоу никогаш не би го изнел пред патниците малку познатиот факт за маските со кислород, а тоа е дека во нив има воздух за само 10 минути. Причината поради која и повлекувате е да предизвикате реакција која создава кислород, а со самото тоа и оган, што некој може да го злоупотреби.
Исто така, сите пилоти едногласно откриле дека понекогаш нема доволно време меѓу летовите авионот да се дезинфицира на правилен начин, па така столчињата не се чистат редовно.