Не ги фрлајте овие кесички, може многу да ви помогнат!

Ќесичките со силиконски гел што ги добиваме со купувањето обувки, обично завршуваат во кантата за отпадоци затоа што најчесто веруваме дека се бескорисни или пак отровни.

Вистината е дека во нив не се наоѓа никаков отров, туку силициум диоксид кој не треба да се јаде (токму тоа е нагласено на пакувањето), но можат и тоа како да ви послужат за друга намена во домот.

Еве неколку начини на кои можете да ги искористите овие ќесички:

1. Ставете ги во ранецот за тренинг

Целта на овие ќесички е да го впиваат вишокот влага, па затоа ќе направат чуда со вашата опрема за вежбање. Имено, бактериите најдобро се размножуваат во влажна средина, па со оглед на тоа што овие ќесички ја намалуваат влагата, ќе имате значајно помалку бактерии во ранецот за тренинг. Помалку бактерии значи и помалку непријатни мириси.

2. Ставете во орманот меѓу чистите пешкири

Гелот во ќесичките по истиот принцип ќе го спречи ширењето на влага меѓу чистите пешкири, па подолго ќе го задржат убавиот мирис. Ова е посебно добар совет за оние на кои пешкирите им стојат во бањата во која природно има многу влага и пареа.

3.За да ја зголемите трајноста на бричот

Ако користите брич за еднократна употреба и навистина го фрлате потоа, тогаш ова не е за вас. Но, доколку бричот го користите подолго време, би било добро да го чувате во еден пластичен сад кој се затвора, заедно со две ќесички со силиконски гел. Нема да има влага и многу подолго ќе трае.

hitportal-kesicki1

4.Спасете го мобилниот телефон

Сигурно имате слушнато дека телефонот што падна во вода може да се спаси така што ќе се стави во сад со ориз. Оризот ќе ја впие водата. Истата работа можете да ја постигнете и со неколку вакви ќесички.

5. Сочувајте ги новогодишните украси

Кога ќе ги пакувате новогодишните украси за наредната година во кутијата со лампиони, задолжително ставете и неколку вакви ќесички. Со тоа украсите ќе траат подолго и ќе изгледаат како нови.

6.Сочувајте го фотоапаратот

Ако имате добар фотоапарат, тогаш сигурно знаете дека ова влажно време е непријател број еден за него. Решението лежи во овие ќесички! Нема потреба својот апарат да го чувате дома и никогаш да не го изнесувате бидејќи се плашите од влагата во воздухот. Доволно е само да додадете неколку ќесички во торбата во која инаку го чувате фотоапаратот.

hitportal-kesicki2

7. Одмаглете ја шофершајбната

Возачите најчесто полудуваат во зимскиот период од годината, бидејќи стаклата во автомобилот се замаглуваат. За да биде уште полошо, мора да чекаат десетина минути додека вентилацијата не го одработи своето, за да се отстрани маглата и да можат да возат. Затоа, уште денеска поставете три до четири од овие ќесички под стаклото од внатрешна страна за да го спречите замаглувањето.

8. Сочувајте ги фотографиите

Старите фотографии со тек на времето пропаѓаат. За среќа, овие магични ќесички и во овој случај се спасоносни. Уште денеска поставете ќесички во кутијата со фотографии и тие ќе ја спречат влагата.

hitportal-kesicki3

9. Спасете ги шминките

Во несесерот во кој ја чувате шминката задолжително треба да имате барем една ваква ќесичка која ќе го впие секој вишок на течности и ќе ги спаси производите од згрутчување.

10. Ослободете се од мирисот на старите книги

Прво и пред сѐ, да се разбереме – мирисот на старите книги е еден од најубавите мириси на светот. Но, доколку ви пречи таквиот мирис, тогаш едноставно ставете ја книгата во кутија со ќесички со силиконски гел и оставете ја да отстои една ноќ.