Неколку причини зошто е добро да се напиете чаша пиво

Пивото е едно од најпопуларните и најстарите пијалаци во светот.

Многумина со право го сметаат за течна храна. Енергетската вредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетската вредност на еден литар млеко.

Под услов да се консумира умерено,пивото позитивно влијае на физичкото здравје.

Пивото го намалува ризикот од појава на срцеви болести

Причината за ова е во моќта на пивото да го зголеми нивото на добриот холестерол, со што се намалува можноста за задебелување на артериите и згрутчување на крвта, што може да доведе до срцев удар.

Наше Македонско Светло Пиво

Пивото изобилува со Б6 витамин

Луѓето кои пијат пиво имаат за 30 проценти поголемо количество на Б6 во крвта од оние кои не го пијат овој пијалак. Исто така, обожавателите на пивото, во споредба со оние кои пијат црвено вино, имаат двојно повеќе витамин Б6 во организмот.

Им помага на жените убаво да стареат

Умерената консумација на алкохол помага во зачувувањето на густината на коските и на менталната способност кај повозрасните жени. Флаваноидите во хмељот, главната состојка на пивото, имаат слични својства како естрогенот, па можат да послужат како природен надомест на хормоните кај жените во менопауза.

Сподели LIFER

Ја спречува појавата на рак

Хмељот содржи и ксантохумол, состојка која уништува одредени ензими во организмот кои можат да предизвикаат појава на рак и му помага на телото во борбата против појава на оваа болест.