Рузмарин, босилек или оригано. Сите имаат сличен вкус, а секој има различна цел во зачувување и подобрување на нашето здравје.
Овие зачини спаѓаат во медитеранската група и имаат антибиотско, антисептичко и антиоксидативно дејство.
Комбинација од повеќе различни зачини е лек за различни тешкотии во телото.
Рузмаринот е добра помош кај нискиот крвен притисок, го поттикнува излачувањето на мокрачата од организмот, ја подобрува циркулацијата и често се користи во геловите против реума и воспаление на зглобовите.
Босилекот се употребува за опуштање на напнатите мускули, за поттикнување на варењето како и за враќање на телесната сила.
Ориганото е познато како еден од најсилните антисептици и природни антибиотици со силно антибактериско и антивирусно дејство, но и како еден од најсилните природни антиоксиданси.
Особено е одлично во време на настинките. Овој специфичен зачин е делотворен и против акни, артритис, канцерогени заболувања, воспалителни состојби и мутирање на клетките. Исто така, ориганото го поттикнува варењето и функционирањето на црниот дроб и жолчката, а успешно се применува и кај акутно и хронично воспаление на синусите, вирозите, грипот и настинката, но и кај хроничната главоболка.
Содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета – каротен, како и други хранливи материи и е 42 пати побогато со антиоксиданси од јаболката, 12 пати од портокалот и четири пати од боровинките.
Ориганото, како и босилекот и рузмаринот, ја содржи таканаречената рузмаринска киселина, силен антиоксиданс што помага во спречувањето на оштетувањето на клетките предизвикани од слободните радикали, со што се намалува ризикот од рак, срцеви болести, атеросклероза и од прерано стареење.