Дали шишањето го забрзува растот на коста и колку често треба да се шишаме?
На овие прашања и многу други митови за шишањето на косата ќе ви дадеме одговор во продолжение.
1. Мора да ги шишате врвовите на шест недели
Фризерите советуваат да се шишате на шест недели, но ретко кој тоа го почитува. Жените кои не ја пеглаат косата и ретко користат фен треба да ги кратат врвовите на 5 до 6 месеци.
2. Секојдневното миење коса е лошо
Ова сте го слушнаме сигурно сто пати. Но, проблемот не е кај миењето на косата, туку е во сушењето.
Ако секој ден ја миете косата, а не користите фен, преса или фигаро тогаш немате потреба за грижи.
Потрудете се да користите полесен шампон и регенератор.
3. Немојте врвовите сами да ги шишате
Ако се одлучите на ваков чекор, не треба да користите обични ножици бидејќи така повторно ќе ги оштетите врвовите.
Најдобро е тоа да го направите кај фризер.
4. Шишањето на врвовите ќе го забрза растот на косата
Ако ги шишате врвовите нема побрзо да ви расте косата, само ќе биде поздрава.
5. Чешлањето е добро за косата
Не секогаш. Ако имате оштетена или виткана коса, треба да избегнувате чешлање, бидејќи со тоа дополнително го оштетувате влакното.