Брзо тесто за пица (рецепт)

Состојки:

1 чаша јогурт

2 чаши брашно

2 лажици масло

1 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сол

Подготовка:

Од состојките замесете тесто. Тестото веднаш расукајте го и поставете го на намастен плех. Филувајте по желба.

Печете десетина минути, на температура од 200 степени.