Зошто секогаш имате место за десерт, иако сте сити?

Веројатно на сите ни се случило откако убаво ќе се најадеме, да ни остане простор за десерт.

Зошто е тоа така?

Станува збор за реакција на вашиот мозок, а не само за алчност, посочуваат експертите.

Кога јадете нешто што ви се допаѓа подолго време, почнувате да се презаситувате и помалку да го сакате истото, па оставате простор за она што следува и што повеќе го сакате.

Додека јадеме, храната станува помалку привлечна. Но, ако нешто повеќе ни се допаѓа од останатото, постои можност да го јадеме тоа повеќе од другата храна. Всушност, сето тоа е во вашата глава.

Кога знаеме дека ќе следува десерт, ние потсвесно си оставаме место и помалку ја јадеме храната што е пред нас во тој момент за да можеме да уживаме во десертот.

Вака функционира и мозокот кој дава сигнали дека ќе ги добиеме сите хранливи материи што ни се потребни.

Една студијата од 90-тите години покажала слични резултати. Педијатар од Чикаго им дозволил на децата да јадат што сакаат. Пред нивните креветчиња се наоѓале послужавници со различна храна. Децата покажувале што сакаат, а негувателките ги хранеле.

Но, по некое време, на децата почнале да им здосадуваат состојките кои претходно ги обожувале. Така, експертите заклучиле дека станува збор за вроден механизам.