Предмети кои не треба да ги делите со никого

Веројатно некогаш сте биле во ситуација кога ви бил потребен чешел, сапун или шминка, што сте морале да ја позајмите, но за другата личност тоа не било прифатливо.

Не е проблемот во личноста која не сака да ви ги позајми овие работи, туку во хигиената и грижата за здравјето.

Еве што не смеете да делите со другите.
Сапун
Сапуните се задолжени за чистење и уништување на бактерии, но по нивното користење дел од истите остануваат на сапунот. Па многу лесно бактериите може да се пренесат на друг.

Капа, кацига и четка за коса
Експертите советуваат дека капите, кацигата и четката за коса се совршени предмети за пренесување вошки. Доколку не сакате да фатите вошки не ги позајмувајте.

Грицкалка за нокти
Овој предмет не смеете да го делите со никого, особено не во салоните за убавина. Доколку имате плускавец или некоја рана околу ноктите, ова е совршен начин за пренесување бактерии.

Шминка
Маскара, руменило, кармин и други препарати за убавина не се делат со други луѓе. Преку шминката може да се пренесат многу кожни инфекции, тука вклучувајќи го и херпесот.

Брич
Ова нема потреба многу да се објаснува. На бричот може да остане крв преку која на вашата кожа може да настане инфекција, доколку имате рана или се исечете.

Обетки
Дупчето на ушите е место на кое лесно се развиваат бактерии и вируси кои претходникот корисник можеби ги имал. Немојте да ризикувате.

Слушалки
Истражувањата покажуваат дека употребата на исти слушалки за слушање ги зголемува бактериите во вашите уши. Ова многу лесно може да предизвика воспаление на ушите.