Доколку сте еден или една од оние луѓе кои никако не можат да се одвикнат од грицкање нокти, прочитајте ги овие совети.
Ова не само што е лоша навика, туку може да донесе и сериозни проблеми и инфекции, а и естетски не изгледа убаво.
Контролирајте се! Запознајте се себе си и навиките така што често ќе обрнувате внимание на тоа, во кои ситуации најчесто ги грицкате ноктите и какви ви се емоциите додека го правите тоа. Најверојатно ќе откриете нешто што може да ви помогне во понатамошниот процес на одвикнување.
Сакате убави нокти? Сигурни сме дека одговоривте потврдно. Затоа, замислете да имате убави, долги и здрави нокти. Почнете со еден. Ако успеете со еден нокт, тоа може да биде вашиот мотив да продолжите и со останатите нокти.
Чекор по чекор. Поставете си прво краткорочни цели и обидетет се да ги остварите. Тие водат кон долгорочните…Што подолго се однесувате во склад со поставените цели и наградата ќе биде поголема. Ако не сте свесни дека во секој момент ги грицкате ноктите, замолете некој од вашето опкружување да ве потсети и опомене секој пат за да престанете.
Брзи решенија. Можете да користите лак за нокти или специјални креми против грицкање. Вкусот им е горчлив и непријатен. Меѓутоа, ако со време се навикнете на тој вкус и повторно почнете да ги грицкате ноктите – заменете го тоа средство со некое слично. Исто така, брзо и ефикасно можете да ги заштитите вашите нокти со салон за убавина – со ставање на вештачки нокти.
Најдете си друга навика. Некои луѓе сакаат да ги крцкаат прстите, а на вас може да ви биде доволно и само да ги контролирате вашите дланки или да одберете некоја креативна навика, на пример цртање.
Сокријте ги ноктите. Можете да ги сокриете ноктите и така да го исконтролирате искушението. Ставите ракавици или фластери. На оштетената кожа нанесете крема за да ги санирате последиците од грицкањето.
Не ги средувајте ноктите со забите. Секогаш при рака имајте сет за нокти. На тој начин нема да паднете во искушение ако во еден момент ви текне дека ноктите ви се премногу долги.
Бидете упорни. Грицкањето на ноктите е навика од која можете да се ослободите многу брзо. Морате да имате трпение, волја и самодисциплина.