Зошто некогаш не знаеме каде е лево?

Многу луѓе понекогаш се збунуваат и не знаат каде е лево, а каде десно.

Не станува збор за луѓе кај кои таа збунетост е последица на повреда или операција на мозокот, туку за одредени анатомски специфичности.

Истражувачите во 1978 година испитале 364 студенти со надпросечна интелигенција од кои никој немал невролошки проблеми. Излегло дека забуната за тоа каде е лево, а каде десно е вообичаено, особено кај жените.

Дури 34 години подоцна, Ерик Чадлер, директор на Центарот за сензимоторен невро инжинеринг на Универзитетот во Вашингтон, вели дека е тешко да се одговори на ова прашање.

Сепак, поголемиот број научници, се согласуваат дека станува збор за поврзаност на функционални поединечни делови во мозокот и ограничување во просторот.

Многу истражувања досега потврдиле дека жените имаат слаба ориентација во просторот, особено на тестовите кои бараат одредени предмети да ги ротирате како би дознале, на пример, како би изгледал одразот во огледалото.

На тој начин, тим од германски научници испитале мажи и жени на кои им биле мерени менталните способности и ротација пред да ги изложат на стандардните лево – десно тестови.

Нивниот извештај кој е објавен во списанието „Brain and Cognition“ открива дека според одговорите на мажите, тие поретко се збунуваат кога е во прашање поместување на предмети (лево-десно), но и во останатите мерења.

Степенот на асиметрија на некои од мозочните хемисфери, веројатно е клучот на ова прашање.

Британските истражувачи откриле дека личностите кои слушаат подобро на едното отколку на другото уво, може да имаат проблеми со одредување на страните и предметите.