Вода, лимон и лук – комбинација за добро здравје

Комбинацијата од вода, лук и лимон носи бројни здравствени придобивки и е еден од најдобрите начини за зачувување на здравјето на крвните садови.

Лукот успешно ги елиминира микробите, а лимонот изобилува со витамин Ц.

Оваа моќна комбинација се користи за:

  • регулирање на нивото шеќер во крвта
  • намалување на нивото на холестерол во крвта
  • регулирање на функцијата на црниот дроб
  • подобрување на циркулацијата
  • јакнење на имунитетот
  • елиминирање на масните клетки

ПОДГОТОВКА:

– 30 чешниња лук

– 6 излупени лимони

– 2 литри вода , препорачуваме Изворска

Во едно поголемо тенџере, ставете го исецканиот лук и лимонот исецкан на мали парчиња. Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Оставете водата да зоврие, а потоа варете уште 10 минути.  

Кога течноста доволно ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.

Конзумирајте го секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден по оброкот испијте 50 милилитри од напитокот, а потоа направете пауза од 7 дена.

По паузата, продолжете да го користите во рок од 3 недели. Овој третман може да се спроведува на секои 6 месеци, секако во консултација со вашиот доктор.