Дозволете им на вашите деца да растат во природа

Проблемот со загадената околина има многу негативно влијание врз човековото здравје.

За да се спречи ова, неопходно е да ги промениме своите животни навики и да станеме посвесни за важноста на природата.

Тешко е да има здрави луѓе во нездрава околина.

„Болестите како дијабетесот, карциномот, кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, како и психолошките нарушувања веќе ги надминале бројките на заболените од заразни болести“, потврдува Светската здравствена организација.

Од ова најмногу страдаат најмалите. За здрав раст и правилен развој на децата, потребна е природата. Поврзаноста помеѓу децата и природата е од клучна важност, како за нивното здравје, така и за околината.

Доколку децата не се поврзат со природата во текот на растењето, тешко да создадат чувство за одговорност кон неа кога ќе бидат возрасни.

Поминувањето време помеѓу зеленило позитивно влијае на когнитивниот како и на социјалниот развој на децата, како и развојот на моториката и концентрацијата.

Играта во природата поттикнува физичка активност, а со тоа се смалува можноста за заболување од разни болести и нарушувања во возрасните години, како што се кратковидоста, склоноста кон стрес и недостатокот од витамин Д.

Дозволете им на вашите деца да пораснат во природа. Тие имаат цел живот пред нив да ја користат технологијата, па додека се мали, научете ги дека свежиот воздух и зеленилото треба да биде приоритет за добро здравје и среќа.