Третманот за убавина наречен „fizzy face cleanse“ стана многу популарен најпрво во Јапонија и Јужна Кореја, а оваа процедура експресно почна да се практикува насекаде во светот.
Станува збор за миење на лицето со газирана вода, а бенефитите од ова се засноваат на факти.
Водата од чешма има pH 7, додека газираната вода 5,5, што е иста како и pH на нашата кожа, што значи дека нема да го иритира лицето.
Газираната, односно водата со меурчиња ќе ви помогне да ги разградите нечистотиите и маслата во порите, што значи дека чистењето ќе биде далеку подлабоко и дека имате помали шанси да имате акни.
Присуството на СО2 ја зголемува циркулацијата во лицето, што ќе ѝ даде на кожата поздрав изглед.
Како да се миете со газирана вода? Постапката е многу едноставна!
Навлажнете го лицето со кисела вода. Исчистете го како и обично и измијте го со газирана вода. Исушете го лицето со крпа.
Важен совет: Дерматолозите не препорачуваат лицето секојдневно да се мие со газирана вода, бидејќи кожата може да се навикне и да се воспали кога ќе дојде во контакт со обична вода. Затоа овој третман практкувајте го како посластица за лицето, што значи еднаш до два пати неделно, на пример за викенд.