Ако ви се чини дека изгледате постаро или ви даваат повеќе години отколку што имате, тогаш причината барајте ја во облеката и начинот на кој ја комбинирате.
Излезете од вашата сигурна зона и применете некои од советите што ви ги препорачуваме во продолжение
Сакате ретро, но истото ве гуши
Ретро парчињата се со мода, тоа е точно. Не треба да ги избегнувате туку наместо да ги носите како во 80-тите, пробајте да ги споите но нови модерни парчиња. На пример, широк ретро џемпер комбинирајте го со високи потпетици, а пак здолништето во А-крој и висок струк, комбинирајте го со краток топ ако ви дозволува телесната конституција.
Не внимавате на рабовите
Ако ви се случува рабовите да не поминуваат на вистинскитеместа, тогаш ќе изгледа дека истата сте ја позајмиле од вашата мајка. Деталите секогаш се едни од највашните, затоа внимавајте да се чувствувате како во ваша кожа без контурите да ги издаваат недостатоците.
Демоде кроеви
Сите знаеме да се заљубиме со одредени фармерки. Но, оние на кои им поминала модата само ќе остават лош впечаток за вас. Одвојте се од нив и најдете ги вистинските.
Носите безлични модни додатоци
Како што напоменавме и погоре, аксесоарите се оние што говорат за вас и вашиот карактер. Во никој случај не дозволувајте си да се претрупувате со накит, туки изберете го вистинскиот за вас. На пример ако сте се заљубиле со очила за сонце од средно, а нивната рамка е одамна демоде, тогаш итно треба да се ослободите од нив и да си напавите нови.
Се облекувате како девојче или премногу секси
Ако го поврземе она што го пишавме од претходните совети, заедничкото ќе се сведи на тоа дека сите жени преферираме односно имеме омилени парчиња. Не пробувајте да ја вратите младоста со парчиња што сте ги носеле порано, тоа не е начин. Или пак обратно, сакате да бидете секси во гардероба која одамна и поминала модата. Бидете свои, создадете моден профил кој ќе говори за вас, а не годините и моменталните чувства водени по трендови или одртедена пасија.