Колку време треба да помине од вечерата до спиење

Одењето на спиење веднаш после вечера го зголемува ризикот за мозочен удар за дури 66% и затоа на спиење се препорачува да одите најрано еден час после вечерата.

Ова е резултатот од истражувањето на научниците од Медицинскиот факултет во Иониа, Грција.

Научниците проучувале околу 500 личности, од кои половина од нив доживеале мозочен удар, а другата половина акутен коронарен синдром (чест облик на срцеви болести со намален доток на крв во срцето поради запушени артерии).

Испитаниците биле поделени во две групи – оние кои чекале 60 до 70 минути после вечерата, па оделе на спиење и оние кои веднаш одле на спиење.

Во втората група луѓето имале поголеми шанси да доживеат мозочен удар, додека луѓето кои чекале меѓу 70 и 120 минути биле 76% заштитени.

Освен тоа, одењето на спиење барем еден час после вечерата го намалува ризикот од акутен коронарен синдром.

Една од последиците на пребрзото одење во кревет после јадење е и Рефлукс. Во лежечка позиција се влошува ситуацијата во која стомачната киселина се враќа во грлото, а долгорочните последици се оштетување на слузокожата на хранопроводникот.