1. Лавовите се верни
Лавовите се најверните личности во целиот хороскоп. Тие сакаат долги и квалитетни пријателства. Веруваат дека пријателството е една од клучните компоненти во животот и се трудат што е можно подобро да ги негуваат. Нема да дозволат некој да зборува лошо за нивен пријател во нивно присуство. Понекогаш изгледа како да ги малтретираат своите сакани, но тоа е нивниот начин на искажување љубов и наклонетост кон таа личност.
2. Лавовите се амбициозни
Припадниците на овој знак имаат големи амбиции да станат нешто подобро од она што моментално се. Со сите средства кои ги имаат тие се борат да го добијат тоа што го сакаат, но ќе им помогнат и на блиските да стигнат до целта.
Никогаш никого не обвинуваат за нивниот неуспех, освен себеси и секако, нивната неспособност. Доколку му помогнете на Лав во неволја тој никогаш тоа нема да го заборави тоа и долго време ќе ви се оддолжува за укажаната помош.
3. Лавовите пружаат голема поддршка
Лавовите својата храброст и ведрина не ја чуваат само за себе. Тие сакаат да ги охрабрат и поддржат своите најблиски за и тие да стигнат до својата цел. Ги бодрат своите пријатели и за нив не постои зборот “невозможно“!
4. Лавовите се забавни
Една од главните карактеристики на Лавовите е нивната потреба за внимание. Секогаш кога ќе влезат некаде сакаат сите погледи да бидат насочени кон нив. Кога зборуваат сакаат луѓето околу нив да внимаваат на секој збор кој ќе го кажат и да им се восхитуваат. Понекогаш знаат да преувеличуваат само за да измамат насмевки на лицата на нивните пријатели.
5. Лавовите се полни со живот
Лавовите имаат огромна желба за живот и во се гледаат можност за уживање и искуство. Тие се авантуристи по природа и уживаат во патувања.
Кој не би сакал ваков пријател покрај себе? Доколку сакате некој кој го живее животот со полни гради, некој кој постојано ќе ве поддржува, засмејува и ќе шири љубов секаде околу вас, тогаш најдобро ви е да се запознаете со некој припадник на знакот Лав.