Ферари 488, луксузен спортски автомобил бил единствен учесник во сообраќајна незгода во Дерби, Англија.
Полицијата на Твитер објави фотографија од оштетениот автомобил.
„Возачот утринава си купил ново Ферари и по неполни три километри да го удрил. Во незгодата нема повредени – се наведува во соопштението на сообраќајната полиција на Дербишир. Портпаролот на полициските медиуми изјави дека полицијата добила повик од итната помош нешто пред 11 часот. Во судирот учествувало само едно возило. Никој не е повреден.