Еве како сами да си направите парфем

Состојки:

  • 10 мл природно кокосово масло
  • 20-25 капки етерично масло по желба
  • сад за мешање со капак
  • дрвена чепкалка

Подготовка:

Шишенцето со кокосово масло ставете го во сад со топла вода за да се затопли. Потоа постепено сипете го во садот за мешање. Ставете го етеричното масло, промешајте со дрвена чепкалка и поклопете. Оставете да се излади, па потоа пресипете го во некое шишенце од каде ќе го користите парфемот.

За разлика од купениот, овој природен парфем нема хемикалии кои се штетни за кожата.