Банкнотите кои секојднено ги користиме, не се прават од хартија, барем не од онаква каква што ја знаеме.
Книгите, тетратките, весниците и сл. се прават од преработени листови од целулозните влакна на дрвата.
Парите, пак се изработуваат од памучна или ленена хартија.
Таа се прави директно од памук или од употребен текстил, или како алтернатива, од хартија настаната со преработка на волнени ткаенини.
Последицата е квалитетот и долговечноста на банкнотите и нивната способност да издржат повеќегодишно, па и повеќедецениско користење.
Тајната лежи во полимерните врски помеѓу јаглеродните атоми кои постојат во специјалната хартија на банкнотите и ја прават многу поцврста од обичната.
Исто така, и процесот на изработка на оваа хартија е доста сложен, а вклучува вбризгување на поливинил алкохол или желатин, со цел уште поголема издржливост.