Колку често на вашите пријателки сте им се жалеле на однесувањето на вашиот партнер? Веројатно често, ако имаме во предвид дека постојат многу работи кај мажите од кои жените се нервираат.
Но има и нешто за што им завидуваат, а тоа најчесто е на нивниот живот.
Еве за кои работи жените им завидуваат на мажите…
1. Лесно се подготвуваат за патување
На мажите секогаш им се потребни помалку работи. Користат едвај еден производ за нега на коса, а доволни им се еден пар на чевли затоа што одговараат со целата гардероба која ја имаат.
2. Можат да одат во тоалет каде сакаат
Жените секогаш размислуваат за тоа каде ќе одат во тоалет, ако отпатуваат, на пример во природа или одат на некој поголем концерт. Мажите воопшто ги немаат овие проблеми. Исто така, тие немаат менструација, ниту периоди во текот на месецот поради кои мораат да ги избегнуваат вообичаените активности.
3. Изгледаат добро и наутро и навечер
Кај мажите нема разлевање на шминка и сигурно по првата помината заедничка ноќ нема да откриете дека изгледа различно од како претходно сте го доживувале. Кај жените ова е чест счучај поради шминката која ја користат.
4. Нема да покажат дека се грижат
Дури и кога егото им е најмногу повредено, нема да го видите како плаче или има излив на бес. Тој ќе се однесува како воопшто да не му е гајле. На жените им требаат неколку пакувања на хартиени марамчиња, а подоцна ќе се мразат себе си затоа што си ги покажале чувствата.
5. Хормоните не им варираат
ПМС, контрацептивни апчиња, секојдневни промени во расположението… Жените поминуваат низ толку многу хормонални промени што дури и самите им е тешко да се носат со такви ситуации. Мажите, од друга страна, се потполно стабилни.