Поранешниот пилот Патрик Смит открил што се случува кога во текот на летот ќе пуштите вода од тоалетот, дали и колку е опасно користењето на мобилниот телефон во авионот, можат ли да се отворат вратите на авионот за време на летот…
Во книгата „Cockpit Confidential“, овој пилот одговорил на прашањата кој најчесто ги мачат патниците за време на летот.
Има многу полемики во врска со тоа дали енергијата која ја емитираат мобилните телефони може да му смета на елекстронскиот систем на авионот и дали тие би можеле да предизвикаат негово паѓање.
„Патниците би требало да знаат дека забраната за користење на компјутерите, iPod и слични уреди нема врска со сметањето на електронскиот систем на авионот“, објаснува Смит и додава:
„Вашиот комјутер е дел од багаж, а багажот мора да биде отстранет за да не убие некој или да не му се испречи на патот на некој во случај на удар или турбуленција“.
Тој објаснил и дека комуникацијата на мобилен телефон во авион може потенцијално да му смета на електронскиот систем и опремата во авионот, но дека за тоа шансите се мали, затоа што секоја опрема е посебно дизајнирана и заштитена од евентуални пречки.
Иако досега немало случај мобилниот телефон да влијае на безбедноста на летот, Смит вели: „Никогаш не се знае“.
Дури и ако често патувате со авион и веќе сте навикнати на летање, турбуленциите понекогаш можат да бидат вознемирувачки.
Пилотот нагласува дека турбуленцијата не значи никаква опасност, дека тоа не е знак дека авионот ќе се сруши, туку е потполна нормална работа за време на летот, но и непријатна и за екипажот.
Како што напредувала технологијата и се подобрувале условите за патување со авион, некои работи се промениле дури и во тоалетот.
Во 80-тите години на минатиот век, во тоалетите во авионите се користела сина течност која го „носела“ изметот до складиштето наменето за тоа. Меѓутоа, поради оваа течност, авионите биле потешки, па и поради тоа им било потребно и поголемо количество на гориво. Покрај тоа, постоела и опасност течноста да истече, а како последица на тоа изметот би испаднал над градовите.
За среќа, оваа течност во модерните авиони е заменета со вакум. Па така, кога ќе повлечете вода во тоалетот, се отвара вентил и изметот низ одводниот канал се „вшмукува“ во резервоарот одреден за тоа.
По слетувањето на авионот, тимот на луѓе кој се занимава со тоа го депонираат отпадот од авионот.
Ако некогаш сте се прашале дали е можно да се отвори вратата на авионот за време на летот, Смит вели дека тоа е невозможно.
„Нема да можете да ги отворите од едноставна причина што притисокот во кабината тоа нема да ви го дозволи“.