Музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ е во својот полн ек, а нашиот Даниел Кајмакоски со секоја нова епизада е уште подобар.
Тој синоќа имаше уште еден одличен настап во улогата на популарниот Горан Бреговиќ и маестрално го изведе хитот „Калашников“.
Сите од жирито се согласија дека нашиот претставник и овој пат се надмина себеси.
Kajmakoski kao Goran Bregović, ep. 04. sez 03. 🙂
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on недела, 27 март 2016
Инаку во минатата емисија токму Кајмакоски беше победник со имитација на познатата пејачка Тина Тарнер.

