Тригодишната Ема Рестер од Тексас е млада гимнастичарка со големи соништа.
Неодамна беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис каде одговараше на интересни прашања.
Од две и пол години Ема се занимава со гимнастика, за што се покажало дека детето има неверојатен талент. Нејзината мајка вели дека започнала да вежба бидејќи била исклучително несмасна, а гимнастиката би ѝ помогнала во координирањето на движењата. Но, се покажало дека малечката е неоткриен талент за оваа дисциплина.
„Дали се плашиш дека ќе паднеш“, ја прашува Елен малечката Ема.
„Не, бидејќи и да паднам, повторно ќе станам“, гласи одговорот на ова преслатко девојче кое има само три години.
