Рита Ора сакаше да им стави крај на гласините дека е љубовница на Џеј Зи, па реши да направи селфи со Бијонсе.
На Снепчет пејачката објави фотографија со својата колешка, а под истата напиша: „Семејство“.
Фотографијата беше направена на Мет Галата на која присуствуваа Бијонсе и Рита Ора.
Единствено недостасуваше Џеј Зи кој оваа година не ја придружуваше својата сопруга.