По 33-години брак се разведуваат поради афера со стилистка

Семејството Озборн со години ја забавуваше и шокираше публиката со своето реално шоу.

Но, од неодамна Шерон Озборн го исфрли Ози од домот во Лос Анџелес.

Ози и Шерон се заедно 33 години, но како што пренесува британски „Метро“, Ози имал афера со стилистката Мишел Пју (45), што довело до конфликт меѓу сопружниците.

ози и шерон озборн

Како што наведуваат светските медиуми, Ози никој не можел да го најде неколку дена, па се посомневале дека им се вратил на своите стари пороци.

Она што дополнително ги подгреало сомнежите е профилот на Инстаграм на стилистката.

Имено, Мишел Пју избришала некои фотографии и го „заклучила“ профилот.

„Љубов не е ако некого држите врзан, љубов е кога ќе пуштите некого да биде со вас онаков каков што не може да биде со другите“, напишала Мишел Пју.

љубовницата на ози озборн