Синоќа во Стокхолм беше организирано дефиле на сите учесници на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.
Појавувањето на претставниците и нивните тимови на црвениот тепих беше вовед во церемонијата на свеченото отварање на Евровизија 2016 којашто се одржа во Градската куќа во Стокхолм.
Македонската претставничка Калиопи, веднаш го привлече вниманието, а бројните фанови го довикуваа нејзиното име пеејќи ги на цел глас рефрените од нејзините најголеми хитови.
Но, освен со шармот, харизмата и позитивната енергија, Калиопи на црвениот килим блесна во елегантна црна тоалета, која во целост одговараше со нејзиниот препознатлив стил и сензибилитет.