Емка Хусеинбеговиќ била сопруга на познатиот босански пејач, Елдин Хусеинбеговиќ.
Тие биле убав и среќен пар, но Емка боледувала од мултиплас склероза. Иако некои успеваат со оваа болест да доживеат длабока старост, Емка не успеала долго да ја држи болеста под контрола.
Прво почнале да и откажуваат моторните функции и завршила во инвалидска количка, а потоа и ослепела.
Љубовта и посветеноста кон сопругата беа доволен мотив за Елдин Хусеинбеговиќ да ја напише една од најубави песни.
Тој е кантавтор на песната „Da šutiš“ која ја отпеа Дино Мерлин.
„На личноста која најмногу ја сакам не можев да и подарам чевли, бидејќи таа не оди, ни книга бидејќи не гледа, па дојдов на идеја на сопругата Емка да и подарам албум. Мојата жена е слепа и не може да оди. Кога би можел да го вратам времето и коа би знаел дека ќе ослепе и ќе биде во количка, повторно би ја оженил“, во една прилика изјави Елдин.
Во април 2013 година, по неколку годишна борба против оваа мачна болест, Емка починала.