Ќерката на актерот Жан Клод ван Дам тргна по стапките на татко си, па се посвети на боречки вештини и филмови.
Бјанка Ван Варенберг не ја крие својата еластичност па со фотографија ја повтори славната поза на нејзиниот татко.
Таа има 25-години, но на почетокот Бјанка одбивала да тргне по стапките на својот славен татко, бидејќи сметала дека боречките вештини се „ужасни“, а во детството се занимавала со брзо лизгање.
По повредата, во 2008 година се обидела во актерството и тоа во филм заедно со својот татко Жан Клод ван Дам.
Иако се „криеше“ зад уметничкото име, последните години гордо го носи името на својот татко.