Бата Живоиновиќ тргнат од апарати: Семејството крие дека ногата му е ампутирана

Српскиот актер Велимир Бата Живоиновиќ поради влошената здравствена состојба пред неколку дена беше хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.

Како што пренесуваат српските медеиуми, актерот иако имал проблем со гангерна, а тим на лекари донеле одлука да му ампутираат еден дел од едната нога.

По некое време Бата бил тргнат од апаратите за дишење и почнал самостојно да дише. Сепак лекарите се уште не му соопштиле дека ногата му е ампутирана.

Неговото семејство постојано е покрај него, и се надеваат дека наскоро ќе закрепне.

„Бата е добро. Неговата состојба е стабилна и чекаме да видиме како ќе тече понатамошното закрепнување“, изјавила неговата ќерка Јелена.

Бата Живоиновиќ