Ова се првите 10 финалисти на „Евровизија 2016“

Синоќа и официјално започна 61. по ред издание на „Евровизија“, а во рамките на првата полуфинална вечер имавме можност да слушнеме 18 композиции, од кои само 10 си обезбедија пласман за големото финале.

Се чини дека среќата конечно и се насмевна на Хрватска, која враќањето во натпреварот по пауза од неколку години го одбележува и со пласман во финале, така што Нина Краљиќ и нејзиниот „Светилник“ повторно ќе ги видиме и во сабота.

Од балканските земји вчера настапија и претставниците на Грција, Црна Гора и Босна и Хецеговина, но за жал за сите нив натпреварот е завршен.

Меѓу првите десет финалисти се најдоа и претставниците на Азербејџан, фаворитот Русија, Холандија, Унгарија, Австрија, Ерменија, Кипар, Малта и Република Чешка, која годинава за првпат успеа да се пласира во финале, оставајќи ги зад себе Андора, Словачка и Монако како единствените земји кои никогаш обезбедиле учество во финалето.

евровизија

Калиопи ќе настапи во четврток на втората полуфинална вечер со прекрасната „Дона“, дотогаш преслушајте ја нашата евровизиска песна.