Синоќа во Стокхолм започна 61. по ред издание на „Евровизија“, а во рамките на првата полуфинална вечер имавме можност да слушнеме 18 композиции.
Од нив само 10 обезбедија пласман за големото финале, а помеѓу нив е и претставничката на Ерменија.
Ивета Мукучијан на евровизиската сцена својата земја ја претстави со песната „Love Wave“.
Освен со својот прекрасен глас публиката ја воодушеви и со нејзиниот настап кој вклучуваше многу оган на сцената и 3Д ефекти, но и нејзиното згодно.
Ивета се појави во тесно светкаво боди кое ја истакна нејзината фигура, па слободно можеме да кажеме дека таа е една од најзгодните, но и најубавите пејачки на Евровизија 2016.
Погледнете го нејзиниот настап и сами уверете се во тоа.