Во синоќешната епизода на „Твоето лице звучи познато“ односно во полуфиналето победи Каја Остоиќ со имитација на Адел.
Жири комисијата и натпреварувачите и доделија најмногу поени, што и овозможија втора победа во шоуто.
Каја се разбира дека ќе ја видиме и следната недела во финалето на ТЛЗП, но таа не е единствената.
Според гласовите на публиката во финале одат Даниел Кајамакоски, Неша Бриџис, Никола Роквиќ и Ивана Петерс.