Филип Живојиновиќ на Инстаграм сподели фотографија со неговата биолошка мајка, која ги освои фановите.
Мајката на Филип, Зорица Десница изгледа како негова другарка, а младиот изглед ги фасцинираше сите.
„Во чест на почетокот на фајнл-фор турнирите еве едно навраќање наназад со мојата преубава мајка од роденденот на нашиот драг Жељко Обрадовиќ, најуспешниот тренер во историјата на споменатото натпреварување. Напред ЦСКА и Фенер“, стои под фотографијата.
Филип кој сите го знаат како посинок на Лепа Брена, всушност е плод на љубовта на неговиот татко Боба и првата сопруга Зорица.