Ciara веќе некое време води правна битка за целосно старателство над синот Future Zahir Wilburn, но за жал ја изгуби.
Судот одлучи старателството да е поделено помеѓу двајцата родители, односно да не и припадне само на мајката.
Ciara тврдеше дека нејзиниот екс вереник Future не е присутен во животот на нејзиниот син и воопшто не се грижи за него.
Сепак судот ги одби овие тврдења и потврди двојно старателство.
Инаку Ciara и Future се вереа во октомври 2013 година, но во август 2014 решија да се разделат. Двојката го доби синот Future Zahir Wilburn на 19 мај 2014 година.