Светот за Хари Стајлс дозна во 2010-та година кога тој се пријави во британскиот „X-factor“.
Како соло изведувач не му појде од рака, но под менторство на Сајмон Коел, беше формирана групата „One Direction“.
Од тогаш навака сите знаат за Хари, но и овој машки бенд кој за жал минатата година се распадна.
За жените важи правилото дека ја менуваат косата кога го менуваат животот, но изгледа тоа е така и за Хари.
Тој својата долга виткана коса по која беше препознатлив реши да ја ишиша после 10 години.
Хари го промени имиџот, но и изгледот. Како ви се допаѓа?