Повеќе од 200.000 луѓе со денови преку Фејсбук се шегуваат на сметка на прославата за 18-от роденден на Анастасија Ражнатовиќ.
Станува збор за групата „Купување подарок за полнолетството на Анастасија“ на која секојдневно се објавуваат шеги за роденденот.
А, по големиот „успех“ на групата, реши да се јави и администраторот кој во еден коментар напиша:
„Браво луѓе, повеќе од 150 илјади „одиме“ на ова случување. До 25 мај потрудете се да не има уште повеќе, бидејќи Анастасија е нешто највредно што поседува Србија. Поздрав од админот на странава“.
Ако можеби уште не знаете за која група станува збор кликнете ТУКА.