Полицијата во Србија спроведува голема акција за приведување на дилери на дрога, а помеѓу осомничените се најде и српскиот актер Богољуб Митиќ – Ѓоша.
48-годишниот Ѓоша сосема случајно паднал во рацете на полциијата, тој дури не бил ни еден од осомничените.
„Полицијата ги прислушувала телефоните на познати дилери и Ѓоша сосема случајно се вплеткал во мрежата. Преку мобилен разговарал со некој од нив и така дошле до него. Полицојата устврдила дека Митиќ кај себе има дрога. Во акцијата која следувала биле пронајдени 50 грама наркотици“, раскажува извор упатен во случајот.
Ѓоша бил уапсен откако полицијата кај него пронашла 50 грама кокаин.
Според изворот на срспки „Курир“ актерот наводно и нудел дрога на српската естрада и неговите пријатели.
На овие обвинувања, Ѓоша ќе каже:
„Па сум пробал трева, но друга дрога не. Можеби некогаш сум бил во друштво на луѓе кои консумираат наркотици. Се движам по кафани и ресторани и што се не сум се изнагледал, ама јас дрога никогаш не сум пробал. Баш ме интересира од каде ви е таа приказна и кој ви рекол. Што не ќе чуе човек! Па, зарем ви делувам како некој кој е издрогиран? Сакам да јадам и да пијам, да бидам во друштво на убави жени, а што прават другите околу мене, не гледам. И не ме интересира“, коментира познатиот актер.