Полицијата и понатаму ја тресе естрадата во големата полициска акција која ја спроведува за откривање на дилери и уживатели на дрога.
Откако беше уапсен актерот Богољуб Митиќ – Ѓоша, кој сосема случајно падна во мрежата на полцијата, инспекторите откриле дека тој купувал дрога од Беби Дол.
Актерот најмалку два пати барал дрога од неа, а истата била наменета за лица од естрадата.
Вчера Ѓоша беше ослободен од полиција, а изјави дека во животот освен марихуана, нема пробано друга дрога.