Стадионот на Бешикташ гореше: Карлеуша „запали“ 60.000 Турци (видео)

Јелена Карлеуша два пати се појави во Истанбул на фудбалски меч како подршка на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и два пати направи вистински хаос.

Истото се случи по трет пат, но овој пат српската дива беше главна ѕвезда на прославата на титулата на турскиот фудбалски клуб Бешикташ.

Јелена Карлеуша доби лично покана од претседателот на клубот да настапи на стадионот, каде направи вистинско шоу.

јелена карлеуша

Настапот на пејачката во живо го гледаа 60.000 Турци, а Карлеуша доби громогласни аплаузи и овации.