Овогодинашната награда „Барбара Декс“, која секоја година им се доделува на најлошо облечените изведувачи на Евровизија, ја освои хрватската пејачка Нина Краљиќ.
Нина својата песна „Lightouse“ ја изведе во необична креација која обожавателите ја нарекоа најголема модна катастрофа во Стокхолм.
Дури 177 луѓе од 2.221 колку што учествувале во анкетата, гласале за Нина.
Втора најлошо облечена е Џејми Ли од Германија со 335 гласови. Ја следат Рик од Швајцарија на третото место, а Бугарија и Босна и Херцеговина се на петтото место.
Наградата „Барбара Декс“ се доделувва секој година на фан сајтот „Куќа на Евровизија“ уште од 1997 година.
Името го добила по белгиската пејачка Барбра Декс, која го заземала последното место на Евосонгот во 1993 година, кога настапувала во фустан којшто сама го дизајнирала.