Северина Којиќ од неодамна реши драстично да го промени својот изглед, па од бринета премина во русокоса.
Хрватската пејачката својот нов имиџ го покажа со фотографија на Инстаграм, а официјално го претстави на една гала вечер каде присуствуваше со нејзиниот сопруг Игор Којиќ.
Северина на прославата се појави во бела светкава тоалета, речиси во иста боја како и нејзината коса.
По промената на имиџот многумина коментираат дека Севе ја ископирала Тејлор Свифт која пред некој месец стана палтинеста блондинка.
Интересно е тоа што пејачката освен иста боја на коса, направи и иста фризура како на Тејлор.
На која и стои подобро вие пресудете!