Британската пејачка Адел на својата европска турнеја често знае да направи неочекувани и изненадувачки потези за своите фанови.
Така било и на концертот во Лисабон кога Адел го заборавила текстот на својата песна и пцуела пред илјадници луѓе, пренесуваат медиумите.
Пејачката на почетокот на втората строфа на својот хит „Rolling in the deep“ целосно го заборавила текстот, па потоа почнала да пцуе, ја прекинала песната и одлучила да ја испее од почеток. Фановите овој потег го испратиле со овации.