Словенечкиот производител на бела техника Горење најави дека ќе почне производство на велосипеди од марката Рог.
Првите велосипеди од новата генерација на пазарот ќе се појават 2017. година. Прво ќе се работи на модерна верзија од некогаш мегапопуларниот Пони велосипед од модерни материјали и со подобрена ергономија, а една година подоцна на пазарот може да се очекуваат и велосипеди за планинско и градско возење како и електрични.
До доцните 80-ти години од минатиот век фабриката Рог произведуваше 300.000 до 350.000 велосипеди годишно, но со распадот на Југославија и евтиниот увоз од далечниот Исток подоцна западна во криза и пропадна.
Инаку приватен сопственик го откупи брендот од некогаш познатата банка од Љубљана која во 2009. година заврши во стечај, а подготвен е да се откаже од правата на интелектуална сопственост за 41.500 евра.