Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ денес го слави својот 29-ти роденден.
По доаѓањето во Париз пред два дена, Ноле на Фејсбук објави видео за своите фанови, а еден од оние кои му искоментираа е и основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг.
На видеото Новак и неговата сопруга Јелена свират на клавир, а тоа му се допадна на еден од најбогатите луѓе во светот.
“Двајцата звучите одлично”, напиша Закерберг.
Новак се заблагодари и возврати со комплимент за него и неговата сопруга Присила.
“Фала ти Марк! Ти и Присила сте одлични примери”, напиша Ѓоковиќ.