Толку од романсата: Тејлор Свифт и Калвин Харис раскинаа

Тејлор Свифт и познатиот диџеј Келвин Харис се разделија по 15 месеци врска, пренесуваат американските медиуми.

26-годишната пејачка и 32-годишниот диџеј се разделиле на мирен начин.

„Немаше драма. Понекогаш работите не одат. А во овој случај не се работи за неверство“, изјави извор близок до двојката.

Во март Тејлор и Келвин ја прославија својата прва годишнина со патување во тропските краеви.

тејлор свифт и калвин харис

Диџејот претходно беше во врска со британската пејачка Рита Ора, а Тејлор имаше романса со нејзините колеги Хари Стајлс, Џое Џонас, Џон Мајер и актерот Џејк Гиленхал.

калвин харис, рита ора и тејлор свифт, хари стајлс