Четиригодишно дета скрши огромна статуа од лисицата Ник од анимираниот филм „Зоотопија“, само неколку часа откако беше изложена. Статуата чини речиси 15 000 долари, а за нејзина подготовка на авторот му биле потребни три дена и три ноќи. Тој објави фотографии пред и по инцидентот на социјалната мрежа Веибо.
По инцидентот, хаштагот #ManSpends3DaysAndNightsBuildingBlocks се искористи повеќе од 13 000 пати на кинеските социјални мрежи.
Според некои медиуми, родителите на детето се извиниле и се понудиле да платат за штетата. Уметникот нема да прифати надомест, бидејќи детето не го направило тоа намерно.
„Детето немаше намера да ја скрши“, инсистираше тој.
Очигледно постојат ризици со уметничките инсталации и слики кои не се на големо растојание од посетителите.
Минатиот месец, камери фатија две момчиња како ги допираат и влечат деликатните крилја на ангел, дело во Шангајскиот стаклен музеј во Кина. Двете возрасни лица кои ги придружувале ги снимале момчињата на нивните мобилни телефони, а потоа си заминале откако крилјата биле оштетени. Уметницата Шели Ексу, ја нарекла својата работа „Ангелот кој чека“, за кое и требале 27 месеци за да ги изгради, како посвета на нејзината новородена ќерка. По инцидентот, Шели реши да не ја поправа штетата, туку да го преименува делото во „Скршен ангел“.