Ким Кардашијан по раѓањето на Сеинт Вест во декември има мисија да си ја врати фамозната фигура во облик на песочен часовник каква што беше пред да стане мајка.
35-годишната ријалити ѕвезда се придржува до строга диета која подразбира минимално количество на јаглехидрати.
Ким пред неколку дена сподели докази на Snapchat како нејзиниот асистент и го мери струкот тесен 66 сантиметри.
А, истиот ден таа се прошета низ Њујорк во тесен фустан кој само ја потврди нејзината одлична линија по породувањето.