Дешона Барбер од Колумбија е новата Мис на САД за 2016 година.
За прва придружничка беше одбрана Мис Хаваи, Челзи Хардин, додека за втора придружничка беше прогласена убавицата од Џорџија, Емани Дејвис.
Новата Мис САД е 26-годишен логистички командант во војската на САД и работи како ИТ аналитичар. Таа ја наследи круната од минатогодишната мисица од Оклахома, Оливија Џордан.
Барбер е ќерка на пензиониран наредник, а самата станала офицер во 2011 година.