Ова е првата изјава на Бора Чорба по несреќата

Бора Чорба пред некој ден ја скрши клучната коска паѓајќи од велосипед за време на престојот во Словенија.

Тој ден музичарот решил да ужива во природата со својата сопруга Дубравка, но работите не оделе според планираното.

Од српски „Блиц“ го контактираа Бора, кој за оваа несреќа ќе каже:

„Добро сум, повредата не е тешка. Не е потребна имобилизација, а ниту еден концерт нема да биде откажан или одложен. Жал ми е што некое време нема да можам да возам велосипед“.

бора чорба