Заврши во болница со исекотини: Сораја нападната со нож (фото)

Ноќта измеѓу вторникот и средата, старлетата Сораја Вукелиќ била физички нападната од фудбалерот Стефан Михајловиќ.

Тој со нож ја исекол по стомакот, но и вратот, пишуваат српските медиуми.

сораја и стефан

Сораја заедно со Стефан и пријателите се забавувала на еден белградски сплав, а после забавата одлучиле дружбата да ја продолжат.

Сораја во еден момент сакала да си оди, но Стефан со кој била во врска, не и дозволил.

„Почнаа да се туркаат и на почетокот мислевме дека е шега“, рекол очевидец.

Но, кога Стефан извади нож и почна да мавта во воздух, работата беше сериозна.

Сораја се обидела да побегне и во тој момент од зад грб ја исекол по стомакот, но и вратот.

Вучелиќ во истиот момент отишла во Ургентниот центар, каде што и биле констатирани исекотини.

сораја исечена

„Точно е дека завршив на Ургентен, но тоа не го направи намерно“, рекла Сораја.

Таа не сакала лекарите да повикаат полиција.

сораја